ОН: Над 338.000 лица принудени да ги напуштат домовите во Газа

Повеќе од 338.000 лица се принудени да ги напуштат своите домови во Појасот Газа, што е под опсада и гранатирање на израелската армија, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, цитирана од француските медиуми.
Бројот на раселени лица во оваа густо населена област до синоќа се зголеми за уште 75.000 луѓе, достигнувајќи 338.934 лица“, се наведува во денешното соопштение на канцеларијата на ОН.
Израелската војска продолжува да го бомбардира Појасот Газа како одговор на координираните напади на исламистичката група Хамас. Израелските одбранбени сили (ИДФ) на каналот Телеграм објавија дека е во тек голем напад врз цели поврзани со Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.
„Копнената офанзива во Газа ќе почне кога тоа ќе биде соодветно и ќе ги исполни нашите цели“, кажа портпаролот на ИДФ, Јонатан Конрикус, во својот редовен дневен брифинг, пренесен на мрежата Х. Тој изрази надеж дека денеска ќе биде помирно и додаде: „Ни претстои долг и многу, многу опасен пат“.
„Целта на израелската војска е да стигне до мрежата од тунели и бункери на Хамас под густо населениот Појас Газа“, рече Конрикус.
Рано утринава, бројот на загинати во Газа се зголеми на 1.200, откако 51 лице загина во израелски напад пред зори, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесено од американските медиуми.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
