Над 40 отсто од романските ученици се функционално неписмени
Над 40 проценти од романските ученици на 15-годишна возраст се функционално неписмени, односно знаат да пишуваат и сметаат, но не го разбираат тоа што го читаат и не умеат да го применат наученото, информира сајтот Зиаре.
Процентот е два пати повисок од просечната европска вредност.
- Просечната европска вредност е 20 проценти со стремеж до 2020 година да се сведе на под 15 проценти. Ние со 42 проценти за толку краток рок не можеме да се доближиме до оваа цел, изјави Лидија Дека, советник за образование во претседателската администрација за време на дебатата за оваа тема во градот Клуж.
- Нивото на напуштање на училиштето е 19 проценти, и тоа под условот што самите како земја си го поставивме за цел - да постигнеме ниво од 11 проценти. Но, самото одење на училиште не е доволно и многу деца напразно одат на училиште“, истакна таа.
Ново на Сител
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин