Над 50 хектари шума зафатени во пожарот кај кочанското село Цера на Осоговските Планини

Во пожарот што ги зафати падините на Осоговските Планини кај кочанското село Цера досега изгореа над 50 хектари со букова и борова шума.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани трет ден се на терен, но немоќни се во локализирањето на пожарот поради непристапноста на теренот, а силниот ветер и сувата вегетација дополнително помагаат огнот брзо да се шири.
– Повеќе од 48 часа сме на терен и ги ангажиравме сите пожарникари и опремата со која располагаме, во моментот сè уште активно е уште едно жариште, но се надеваме дека до попладнево и тоа ќе биде изгаснато. Во саботата се појави мал пожар што со брза интервенција го запревме, но следното утро се појавил нов, на локација недостапна за противпожарните возила. Според првичните индиции што ги согледавме причина за пожарот е човечкиот фактор, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната протвпожарна единица.
Доцна синоќа заседаваше општинскиот Кризен штаб со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица – Кочани, Полициската станица, КЈП „Водовод“, Шумското стопанство „Осогово“ и од Локалната самоуправа при што е изготвен план за дејствување во текот на денешниот ден. Целта е со добра координација и комуникација брзо да се реагира и да се превенира натамошното ширење на пожарите.
Во моментот на терен дежурни се екипи составени од пожарникари, инспектори, полицајци и претставници на „Шумското стопанство“ и на Општина Кочани
Ново на Сител
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
