-->
-->
Над 60 луѓе загинаа во бомбашки напад во сирискиот град Азаз
-->
Повеќе од 60 луѓе загинаа, а над сто се повредени во денешниот бомбашки напад во Азаз, на границата со Турција, соопштија сириските власти.
Нападот бил извршен со автомобил-бомба пред зградата на шеријатски суд, каде се наоѓа и пазар.
Азаз е под контрола на Слободна сириска армија, која учестува во антитерористичката операција Штитот на Еуфрат, северна Сирија, заедно со турската армија. Претставници на вооружената опозиција за нападот ја обвинија Исламска држава.
Азаз неколку пати е цел на напади и офанзиви на ИД. Во нападот на 17 ноември врз централата на бунтовничката група Нуредин Зинки загинаа 25 лица, а во нападот од 13 октомври загинаа 17 луѓе, меѓу кои и 14 бунтовници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот