Над 60% од граѓаните не ги одобруваат санкциите кон Русија
Македонските граѓани во големо мнозинство не се задоволни од македонската надворешна политика во однос на случувањата во Украина и во однос на Русија. Она што е интересно дека ова незадоволство го искажуваат и Македонците и Албанците и Србите и Турците..., покажува последното истражување на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн.
На прашањето дали Македонија води мудра надворешна политика во однос на случувањата во Украина, половина од испитаниците (1.200) одговориле негативно.

Македонските граѓани во големо мнозинство исто така не ги одобруваат и санкциите кои Македонија ги спроведува во однос на Русија, покажува ова истражување.

Најголем дел или 70,9% од испитаниците не го поддржуваат давањето оружје на Украина од страна на македонската армија.

Интересно за сите три одговори е дека мнозинството и меѓу Македонците и меѓу Албанците и меѓу Србите и Турците и Ромите и Власите се против овие одлуки на македонската држава.



Телефонската анкета на 1.200 испитаници беше спроведена од 7 до 13 ноември, со статистичка грешка од +/- 3% и интервал на доверба од 95 отсто. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот од 2021 година.
Ново на Сител
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
