Македонија
8. May 2016 - 8:42

Над 7.000 учесници на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016

Над 7.000 учесници од 46 држави ќе се натпреваруваат на годинашниов „Виз Ер Скопски Маратон“, чиј почеток е најавен за во 8:45 часот кај порта „Македонија“.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската унија. Наградниот фонд на маратонот изнесува 17.100 евра.

И годинава за манифестацијата Град Скопје од својот буџет издвои 1.200.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека маратонот има културна, економска и туристичка димензија и додаде оти се промовира главниот град и нашата држава.

Се трчаат четири трки-маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5.000 метри. И годинава ќе има конкурси за избор на најдобар транспарент и за најдобра фотографија.

Оваа година „Виз Ер Скопскиот Маратон“ е дел од онлајн платформата Codoon, која е наменета само за кинески корисници. На оваа платформа доброволно се пријавуваат лица кои ќе трчаат на различни локации во Кина, во исто време кога се одржува и маратонот во Скопје на 8 мај. Досега се имаат пријавено над 80.000 тркачи во Кина. 

Скопскиот маратон традиционално се организира по повод Денот на Европа.