Над 800 земјотреси за десеттина дена во Охридско

Повеќе од 800 земјотреси регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија во периодот од 18 јуни до денеска во охридското епицентрално подрачје.
- Земјотресите се главно слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема од 3 беа регистрирани 4 земјотреси. Најсилниот се случи на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3,6 степени и беше почувствуван во епицентралното подрачје со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Посочуваат дека од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во охридското епицентрално подрачје со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Ново на Сител
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
