Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел
Националната единица за борба против хулиганизмот на француската влада гледа потенцијал за големи немири околу натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Израел и мечот го прогласи од најголем ризик.
Повеќе од четири илјади полицајци и безбедносни лица се повикани да го одржуваат редот и законот во Париз, а особено во областа „Стад де Франс“ каде што ќе се игра натпреварот.
Франција, исто така, стравува од неконтролирани насилни демонстрации против израелскиот тим поради војната на Блискиот Исток.
На натпреварот се очекува да присуствува францускиот претседател Емануел Макрон.
Натпреварот Франција – Израел ќе се одигра на 14 ноември со почеток во 20:45 часот.
Французите се на второто место во групата 2 од Лигата А со 9 бодови, додека Израелците се на последното место без освоени бодови.
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година