-->
-->
Надица додека ги местела завестите на тарасата паднала од 10 метри: Неутешната мајка го бакнувала нејзиното мртво тело
-->
Во зградата на француската улица со број 6 во Нови Сад, трагично настрадала Надица Илиќ (41) додека ги местела завесите на терасата. Несреќната жена паднала од висина од околу 10 метри и починала на лице место. Трагедијата се случила околу попладне кога Надица и нејзината мајка Штефица Илиќ го чистеле станот, а жената најверојатно паднала од невнимание.
- Не знам што се случи...како отиде моето злато, мојата вредница. Не е точно дека се уби, немаше никаква причина за тоа. Беше среќна. Ја родив во шестиот месец со килограм и нешто и од тогаш се борев само за неа. Порасна во убава девојка и силна жена, а сега да ја изгубам на ваков начин, плачела нејзината мајка.
Надица денеска имала слободен ден, па таа и мајка си уште од утрината се договориле да го потсредат станот.
- Ја поделивме работата и рековме дека денеска половина стан ќе го исчистиме, а другата половина утре на пладне, кога ќе се врати од работа. Таа, до душа, повеќе чистеше и переше и ги испра завесите, а јас се занесов околу ручекот. На тарасата имаме ставено подебели завеси за да не не пече сонцето. Таа завесна ја испра и се качи на столица да ја закачи таа проклета завеса. Ништо не слушнав, раскажала неутешната мајка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
