Нафтата бележи пад на светскиот пазар, утрово барел нафта чини 76 долари
Цените на нафтата на светскиот пазар денеска падна поради неочекуваниот пораст на залихите на нафта во Америка, додека инвеститорите очекуваат податоци за инфлацијата во таа земја. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е пониска за 52 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 76,92 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,22 долари за барел.
Аналитичарите велат дека зголемувањето на залихите на сурова нафта во Америка за околу 3,6 милиони барели е можен знак за пад на побарувачката, додека залихите на бензин исто така се зголемуваат за 399.000 барели. Претходно, аналитичарите предвидуваа пад на залихите на сурова нафта.
Во текот на денот ќе биде објавен потрошувачкиот индекс во Америка за април.
Ново на Сител
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
-
АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола