Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток

Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран.
Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри).
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за завршување на војната.
Во меѓувреме, властите во Техеран сметаат дека се во поповолна позиција поради затворањето на Ормуската Теснина што е важна поморска рута во трговијата со нафта.
Отсуството напредок во разговорите за прекин на конфликтот ги вознемири стоковните берзи. Од почетокот на неделава северноморската нафта поскапе за речиси седум долари по барел, додека американската сирова нафта за речиси четири долари.
Аналитичарот Денис Кислер од „BOK Financial Securities“ очекува цените да продолжат да растат се додека една од страните не попушти, оценувајќи дека преговорите се во ќор-сокак.
„Колку подолго нема проток на нафта низ Ормуската Теснина, толку повеќе ќе растат цените“, додаде Кислер.
Вашингтон и Техеран остануваат спротивставени по неколку клучни прашања за ставање крај на војната, вклучително и иранската нуклеарна програма.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
