Нагелсман: Во Баерн играат луѓе, а не машини
Играчите на Баерн Минхен не се машини и тие исто така можат да имаат лош ден, рече тренерот на најтрофејниот германски клуб Јулијан Нагелсман, обидувајќи се да го објасни шокантниот пораз на неговиот клуб од Борусија Менхенгладбах (0-5) во рамки на националниот куп. За Баерн тоа беше најтежок пораз во германскиот куп во клупската историја, и воедно највисок пораз во последните 43 години.
– Ние сме луѓе, а не машини, изјави Нагелсман на денешната виртуелна прес-конференција.
– Покажавме дека сме ранливи, но важно е да извелечеме поуки од овој натпревар, кој влезе во историјата и мораме да ги прифатиме критиките. Нема сомнеж во тоа, рече Нагелсман, кој и натаму е во самоизолација поради позитивен тест на коронавирус.
– Реагирав со висок тон додека го гледав натпреварот во својот дом и соседите сигурно се прашувале што се случува. Но, ние сме само луѓе и можеме да погрешиме, а понекогаш во еден ден можеме да направиме и повеќе од една грешка, порача тренерот на Баерн.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР