Наградените македонски студенти на конкурс на ОБСЕ на средба со амбасадорот Илиоски
Наградените студенти од Македонија на конкурсот за најдобар есеј на тема „Улогата на ОБСЕ во светот денеска“, Нино Домазетовиќ, Фламур Беќири и Христијан Петрушев, се сретнаа со постојаниот претставник на Македонија при ОБСЕ, ООН и другите меѓународни организации со седиште во Виена, амбасадорот Кире Илиоски.
Домазетовиќ, Беќири и Петрушев беа во дводневна студиска посета на седиштето на ОБСЕ во Виена во организација на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, како дел од серијата активности за одбележување на 40-годишнината од Хелсиншкиот финален акт.
- Амбасадорот Илиоски им посака добредојде во Хофбург и им честиташе на студентите за успехот и интересот за портфолиото и активностите на ОБСЕ во глобални рамки. Притоа, амбасадорот Илиоски упати на позитивната соработка меѓу Република Македонија и ОБСЕ и се осврна на нашиот конструктивен ангажман како држава-членка на Организацијата, соопшти денеска Амбасадата на Македонија во Виена.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка