Најавен вонреден конгрес на турската владејачка АК партија за избор на нов лидер
Високи функционери на турската владејачка АК партија, најавиле дека „во најскоро време“ ќе биде одржан вонреден конгрес, на која партијата ќе избира нов лидер, како наследник на Ахмет Давутоглу, актуелен премиер на Турција.
Неговата политичка иднина како партиски лидер и премиер, стана неизвесна откако медиумите во земјата, обелоденија за длабоките несогласувања што постојат меѓу Давутоглу и претседателот Реџеп Таип Ердоган, околу идниот политички систем во дражавата.
Давутоглу се спротивставува на намерата на Ердоган за воведување претседателски систем во Турција, со кој политичката власт би се префрлила од премиерот врз шефот на државата.
Според пишувањето на медиумите, Давутоглу вчера се сретнал со претседателот и го известил дека не сака одново да се кандидира за лидер на партијата.
Неименувани партиски функционери во изјава за западни медиуми рекле дека конгресот на АК партијата ќе се одржи во времето меѓу 21 мај и 6 јуни, првиот ден од муслиманскиот празник Рамазан.
Ердоган кој 11 години беше турски премиер, во 2014 година го определи Давутоглу, дотогаш министер за надворешни работи, за негов наследник на лидерската функција во партијата.
Смената беше извршена откако Ердоган стана претседател на Турција, но сега се открива дека тие набргу по тоа влегле во судир, што досега успеваа да го прикрваат од домашната јавност.
Договорот на Турција со ЕУ, околу бегалците и мигрантите, за сметка на давањето безвизен режим за турските државјани во земјите од шенгенската зона, како и забрзување на процесот на интегрирање на земјата во ЕУ, бил направен без вклучување на претседателот Ердоган.
Како знак за губењето на позициите на Давутоглу во партијата, сега се споменува минатонеделното решение да му се одземе правото на се уште актуелниот лидер да именува партиски функционери во внатрешноста на Турција.
Како најсилни кандидати за наследници на Давутоглу се споменуваат министерот за транспорт Бинали Јилдирим, лојален сојузник на Ердоган и министерот за енергија Берат Албајрак кој е зет на турскиот претседател.
Медиумите најавуваат дека Давутоглу за денеска најавил дека ке зборува на прес конференција.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката