Најавени нови инвестиции во Кумановската општа болница
Директорот на Кумановската општа болница Ариф Латифи денеска најави нови инвестиции во оваа јавна здравствена установа. За годинава планирана е изградба на нов објект за физикална терапија, објект каде ќе биде сместен центар во кој жените од Куманово и соседните градови ќе имаат можност да извршат ехо на дојка, мамограф, пункција и објект каде ќе се вршат оперативни интервенции.
- Само во градот, секоја недела откриваме по два до три карциноми на дојка. Сметаме дека со овој центар ќе се подобрат здравствените услуги кои ќе ги пружиме на жените од Куманово и соседните општини, изјави Латифи.
Центарот за физикална терапија ќе биде сместен во нов објект во кругот на болницата, а надлежните од установата се надеваат дека и Центарот за дојка ќе биде сместен во посебен дел, на местото на стар објект кој ќе се сруши. Сите објекти, додава Латифи, ќе бидат сместени во кругот на болницата, со што пациентите ќе добијат навремена и квалитетна здравствена услуга.
- Се надеваме дека оваа календарска година ќе успееме да ги реализираме зацртаните стратешки планови, изјави Латифи.
Од лани во Кумановската болница е лоциран Центарот за зависници, кој беше префрлен од населбата Гоце Делчев. Амбулантното одделение на хирургија беше префрлено од подрумските простории во постоечкиот ургентен центар каде, како што објасни Латифи, значително се подобрија условите за пациентите и за лекарите.
- Подрумските простории целосно беа реконструирани и од минатата година таму се сместени амбулантите за гинекологија и акушерство, кои се ставени во функција. Изминатата година се реконструираа и амбулантите на интерно и на детското одделение. Инвестирано е и во амбулантите на кожно, на одделението за дијабет, на нервно. Беше набавена и соодветна здравствена опрема, рече Латифи.
Тој нагласи дека за годинава планирана е набавка на апарат за анестезија, четири екг апарати и три ехо апарати.
- Во Кумановската болница има само еден лекар кој не специјализира, но и тој наското ќе почне, така што нема лекар во Кумановската болница кој не е на специјализација, изјави Латифи.
Тој истакна дека во иднина очекуваат доекипирање на персоналот и додаде оти ќе функционираат согласно потребите на установата. Според него, се уште има недостиг на лекари специјалисти и нагласи дека дел од тие потреби се покриваат со доаѓање на професори и друг специјалистички кадар од клиниките од Скопје.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“
-
Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
-
Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
-
Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
ЕУ одвои уште над милијарда евра за справување со последиците од ланските поплави низ Европа
-
Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис лидер“
-
Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово