Најавени протести на српските војници
Српските војници планираат од септември масовни повеќедневни протести, бидејќи се назадоволни од платите, условите за работа и незаинтересираноста на српското Министерство за одбрана за нивните проблеми, најави претседателот на Воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ во изјава за денешното издание на весникот „Данас“.
- Поради тешката финансиска состојба во текот на изминатата година српската армија ја напуштија 3.000 војници. Системот на одбраната на Србија во моментов се состои од 32.055 лица, а неоходни се најмалку 35.000, наведе Антиќ.
- Со оглед на тоа што лицата секојдневно ја напуштаат војската, таа бројка наскоро ќе биде помала. Министерството за одбрана не се интересира за овој проблем и поради тоа сме принудени да излеземе на улица, посочи Антиќ.
Тој објасни дека војниците ја напуштаат армијата поради малите плати и ужасните услови за работа.
- Месечно се работи од 350 до 500 часови за 260 евра. И прекувремената работа и ноќните смени не се плаќаат дополнително, истакна Антиќ.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже