Најавени протести против планот на Макрон за реформи во законот за работни односи

Француските синдикалци планираат денеска да одржат протест поради плановите на францускиот претседател Емануел Макрон за воведување „пофлексибилно“ трудово законодавство.
Вториот по големина француски синдикат Заедничката конфедерација на трудот (ЦГТ) ги повика своите членови на еднодневен штрајт, наведувајќи оти планира и протести во целата земја.
Државната железничка компанија Ес-Ен-Си-Еф соопшти оти очекува дека ќе сообраќаат половина или најмногу две третини од регионалните возови кон предградијата на Париз.
Возовите на подолги релации и париското метро се очекува да работат нормално.
Францускиот премиер Едуар Филип на 31 август ги претстави деталите од планираните реформи на законот за работни односи во земјата, што ги разочараа синдикалците, но беа поздравени од страна на организацијата на работодавците МЕДЕФ.
Реформите, кои според Макрон, се неопходни со цел да им се дадат на компаниите пофлексибилни услови и доверба за создавање на нови работни места, овозможуваат повеќето услови да бидат договорени на ниво на одделни компании неместо за цели сектори.
Исто така, предвидено е дека најмалите компании ќе преговараат директно со своите вработени или со нивните избрани претставници наместо со синдикатите.
Новото законодавство се очекува да биде усвоено на 22 септември.
Генералниот секретар на Заедничката конфедерација на трудот Филип Мартинес ги оквалификува реформите како „социјален државен удар", но наведе дека во корист на Макрон е поделбата меѓу трите водечки француски синдикати по ова прашање.
Француските власти со децении се обидуваат да извршат реформи во законодавството за работните односи, но на крајот нивните планови пропаѓаа под притисок од уличните протести.
Најголемиот синдикат Француската демократска конфедерација на трудот (ЦФДТ), го оцени нацрт-законот на Макрон како „длабоко разочарување“, но соопшти дека нема да се приклучи на протестите на ЦГТ.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
