Најдомаќинскиот инстант лоз на Државна лотарија нуди 5 стана од вкупно 500.000 добивки
1.10.2020 год. Скопје - Од денес e во продажба инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ - првиот лоз на Државна лотарија што нуди 5 (пет) стана во Скопје и бројни парични добивки.
Вкупниот број на добивки е 500 000 а вкупниот фонд е над 100 милиона денари. Покрај 5-те стана, лозот нуди 495 000 парични добивки меѓу кои 15 добивки по 100 000 денари, 30 добивки по 50 000 денари и други добивки од 5 000 до 100 денари.
Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ по цена од 100 денари нуди можност за освојување на еден од 5-те стана од коишто два се со големина од 32,25 м2, еден од 41,75м2 со подрум, еден од 59м2 со гаража од 21м2 и најголемиот е 83,50м2 со гаража од 21м2. Становите се во општина Аеродром во нов станбен објект во една од најубавите згради во близина на „Зравствен дом Јане Сандански“, на улица „Методија Шаторов - Шарло“ бр 5А.
Лозот е со атрактивен изглед и забавна игра што те внесува во потрага по еден од 3-те добитни броеви меѓу 15 (твои) броеви во групното поле за игра.
Пет од играчите коишто во едно од 15-те полиња ќе изгребат добитен број што ги води кон стан, ќе добијат комплетна документација и ќе може да се вселат во својот нов дом добиен за само 100 денари.
Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ е идеален и за подарок. Со дарување на три лоза во Среќа плус коверт, можете некому да подарите стан.
Стан за 100 денари - да и тоа е можно, со Државна лотарија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам