Околу 4.000 жители и туристи побегнаа на плажите на почетокот на седмицата кога пожари го опкружиа градот, пренесува Би Би Си.

Како што соопшти морнарицата, сите евакуирани ќе бидат пренесени во Вестерн Порт, а патот трае 16 часа.

Во текот на евакуацијата, на бродовите беше дозволено внесување на домашни миленичиња.

Некои патишта се отсечени поради ширењето на пожарите, па војката евакуираше 60 луѓе со хеликоптер, додека условите го дозволуваа тоа.


