Најголемиот брусен дијамант во светот, продаден за 3,75 милиони евра
Црниот милијардагодишен дијамант стар, за кој се верува дека е најголемиот избрусен дијамант во светот, е продаден за 3,16 милиони фунти (околу 3,75 милиони евра). Аукциската куќа „Сотби“ објави дека „купувачот одлучил да користи криптовалута за купување дијаманти“.
Сепак, се очекуваше дека дијамантот наречен „Енигма“ од 555,55 карати, кој тежи приближно колку една банана, ќе достигне над 4,4 милиони фунти.
Името на купувачот официјално не беше соопштено, но по наддавањето, претприемачот кој се занимава со криптовалути – Ричард Харт, на интернет се пофали дека тој е купувачот. Тој додаде дека скапоцениот камен ќе биде преименуван во „HEX.com дијамант“, како што се нарекува блокчејн-платформата што тој ја основал.
Овој црн дијамант е откриен само во Бразил и Централноафриканската Република. Бидејќи тој содржи осборнит – минерал којшто се наоѓа само на метеори, се верува дека каменот потекнува од Вселената. Црните дијаманти обично се стари меѓу 2,6 и 3,2 милијарди години – пред времето на диносаурусите. Самата планета Земја е стара околу 4,65 милијарди години.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети