-->
-->
Најлесната чанта од тврд материјал досега
-->

На Неделата на модата во Париз, компанијата „Коперни“ ја претстави својата нова чанта „Ер свајп“ (Air Swipe), објави „Индепендент“. Ова е најголемиот предмет досега направен од наноматеријалот „силика-аерогел“ на НАСА, познат како „најлесниот цврст материјал“ на планетата Земја.
Овој деликатен наноматеријал е развиен од професорот Јоанис Михалудис. Се состои oд 99 насто воздух и еден отсто стакло. Чантата тежи 33 грама и има димензии: 27 x 16 x 6 сантиметри.
Инаку, во науката, НАСА го користи „силика-аерогелот“, на пример, и за земање примероци од ѕвездена прашина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
