Најмалку 10 лица убиени во напад врз шопинг центар во Ирак
Најмалку 10 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на автомобил бомба, подметната пред еден шопинг центар во Багдад. Четворица напаѓачи потоа упаднале во самиот центар и зеле заложници, јавуваат светските агенции повикувајќи се на полициски и лекарски извори.
Во центарот во Џавахер, во источниот дел на Багдад, каде живеат главно шиити, се верува дека се заробени меѓу 50 и 75 лица, а изворите наведуваат дека напаѓачи можеле да се видат и на покривот од центарот, што во моментов е опкружен со полиција и војници, пренесуваат американските медиуми.
Меѓу загинатите најмалку тројца се полицајци, наведуваат американските медиуми.
Ирачката државна телевизија, цитирајќи го портпаролот на Министерството за внатрешни работи, јави дека безбедносните сили го опколиле местото на терористичкиот напад, пренесуваат британските медиуми.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Исламска држава, која го контролира подрачјето на север и запад од Ирак, редовно ги напаѓа шиитските квартови и безбедносните сили во престолнината.
Претходно денеска три лица беа убиени, а осуммина ранети во експлозија на бомба во близина на ресторан во Бакуба, на 65 километри североисточно од Багдад, а за овој напад одговорноста ја презеде Исламска држава.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро