Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД

Најмалку десет лица загинаа во снежната бура што го погоди југоисточниот дел на САД, објави Њујорк Тајмс.
Невремето, кое започна во вторникот, беше предизвикано од студениот воздух од Арктикот, а се очекува да донесе и до 15 сантиметри снег во крајбрежните заедници, додека температурите под нулата ќе ги направат условите за возење „исклучително опасни“.
Гувернерот на Северна Каролина, Џош Стајн, ги повика граѓаните во источниот дел на државата да избегнуваат патување поради опасните услови на патиштата.
– Покрај тоа, на границата меѓу Џорџија и Флорида се предвидува мраз на патиштата, што дополнително го загрозува сообраќајот, изјави Брајан Харли, метеоролог од Националната метеоролошка служба.
Рекордни снежни врнежи се забележани во Њу Орлеанс, каде наврнале повеќе од 30 сантиметри снег, што е невообичаено за тој регион.
Исто така, повеќе од 15 сантиметри снег паднаа во областа Мобил, Алабама, соборувајќи го рекордот поставен во 1895 година.
Метеоролозите очекуваат дека невремето ќе се повлече до среда попладне, но предупредуваат дека студеното време, сепак, ќе претставува опасност за патување и престој на отворено.
Снежната бура ги погоди јужните американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, Јужна Каролина и Флорида.
Повеќе од 2.100 летови беа откажани низ САД, додека аеродромите во Хјустон и Талахаси се затворени.
Првпат во Тексас и Луизијана е издадено предупредување за снежна бура.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
