Најмалку 13 загинати при напади во шиитски населби во Багдад
Најмалку 13 лица загинаа денеска, а 37 други се ранети при два одвоени напади во ирачкиот главен град Багдад, соопштија медицинските извори.
Како што јави ДПА, двата напада биле извршени во багдадски населби каде претежно живеат шиити.
Според очевидци, еден автомобил-бомба експлодирал во близина на трговски центар во населбата Ал Шаб во северниот дел на Багдад. При експлозијата загинале 11 лица, а 25 се ранети.
Во вториот напад, што се случил во Садр Сити во источниот дел на Багдад, бомбаш-самоубиец усмртил две лица, а ранил 12 други.
Досега никој не ја презеде одговорност за нападите. За некои претходни слични вакви напади во Ирак, што се случија изминативе недели, одговорност презеде сунитската џихадистичка група Исламска држава (ИД), која шиитите ги смета за „еретици“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари