Најмалку 13 загинати при пожар во бар во Франција

Најмалку 13 лица загинаа, а шестмина други се повредени при пожар во бар во северниот француски град Руан, соопшти рано изутринава министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев.
Како што јавија француските медиуми, пожарот во барот „Куба Либре“ во центарот на Руан избувнал околу полоноќ за време на роденденска забава на која присуствувале поголем број млади лица.
Според Казнев, причините за избувнувањето на пожарот се уште не се утврдени,
Властите не департманот Сен Маритим, во кој се наоѓа Руан, соопштија дека огнот започнал на таванот на барот. Според истиот извор, жртвите се задушиле од чадот од пожарот.
Некои француски медиуми јавија дека пред пожарот во барот се слушнала експлозија, но полицијата во Руан ги демантираше таквите информации, наведувајќи дека пожарот најверојатно бил предивикан од свеќите кои биле користени на роденденската забава.
Претставник на полицијата информира дека таванот во барот бил премачкан со полистерен, поради што огнот брзо се проширил, при што во воздухот биле ослободени токсични гасови кои довеле до задушување на жртвите.
Ново на Сител
-

Силјановска го пречека бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
