Свет
5. August 2022 - 9:02

Најмалку 13 загинати при пожар во ноќен клуб во Тајланд

Најмалку 13 лица загинаа, а 40 се здобија со повреди при пожар во ноќен клуб близу туристичкиот град Патаја во Тајланд.

Пожарот избувнал во еден часот по полноќ според локално време, а под контрола е ставен дури три часа подоцна.

На снимка објавена од спасители, се гледа зграда зафатена од густ црн пламен, а неколку лица се обидуваат да побегнат.