Најмалку 14 загинати во нападите на турските сили во Сирија
Најмалку 14 лица загинаа, меѓу кои и петмина цивили, во нападот на турските сили врз еден конвој во кој имало и странски новинари, во непосредна близина на градот Рас ал Аин, соопшти Сирискиот Центар за набљудување на човековите права.
Според оваа невладина организација со седиште во Лондон, во нападот биле ранети уште најмалку 10 лица.
Директорот на Центарот, Рами Абдулрахман изјави дека во нападот кај Рас ал Аин бил погоден конвој со луѓе кои се движеле кон градот Камишли за да им дадат поддршка на жителите на Рас ал Аин, кој веќе со денови е цел на турската офанзива врз позициите на Курдите, пренесуваат британските медиуми.
Според известувачот на телевизијата France 2, во моментот на нападот во конвојот имало и повеќемина странски новинари.
- Бевме во конвојот на курдските цивили кој беше гаѓан од турските сили и нивните сојузници во Рас ал Аин. Нашата екипа е добро, но некои колеги загинаа, напиша на Twitter известувачот на француската телевизија Стефани Перез.
Британските медиуми наведуваат дека засега не е познато кои новинари се погинати.
Објавена е и снимка од местото на нападот, на која се гледаат цивили измешани со припадници на Сириските демократски сили , кои ја уживаат поддршката на Курдите. На неа се гледаат и тела на земјата, запалени возила и згради.
Ново на Сител
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси