Најмалку 160 погинати при уривање на покрив од црква во Нигерија
Најмалку 160 лица погинале при уривање на покрив од црква во изградба во јужна Нигерија, информираа американските медиуми, повикувајќи се на директорот на локалната болница.
-Мртовечниците во градот Ујо, престолнина на државата Аква Ибом, се преполни, изјави Етете Питерс од градската Универзитетска болница.
Објектот на „Меѓународната библиска црква“ во градот се уште бил во процес на изградба и работниците брзале да го довршат за саботната церемонија на ракополагање на нејзиниот ктитор Акан Вијк во епископ.
Стотици верници, вклучително и гувернерот Удом Емануел, биле собрани во црквата, кога металните трегери и целиот покрив се урнале врз мноштвото насобрани верници.
Гувернерот и епископот Вијк, кој проповедал дека Бог ќе ги направи богати неговите следбеници, останале неповредени.
Спасувачките екипи сметаат дека бројот на жртви може да се се покаже уште поголем.
Ново на Сител
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?