Најмалку 17 мртви во снежното невреме во САД
Снежна бура со силни ветрови парализираа вчера голем дел од источниот брег на САД, формирајќи снежна покривка од 90 сантиметри.
Најмалку 17 лица загинаа поради лошото време, од кои повеќето во сообраќајни инциденти, соопштија американските власти, пренесува БТА.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио соопшти дека тројца њујорчани ги загубиле своите животи додека чистеле снег. Властите во Северна Каролина соопштија за шест жртви. Во Вирџинија и Кентаки има по двајца загинати, а во Арканзас и Мериленд - по еден, пренесуваат француските медиуми, кои јавуваат за 15 жртви. Во Мериленд починал 60-годишен маж, кој добил срцев удар, додека го чистел снегот пред својот дом, јави ТАСС.
Поради силните снежни врнежи беше забрането движењето на автомобили во Њујорк, каде што исто така беа затворени аеродромите, мостовите, тунелите, железничките линии и дел од метрото.
Од ноќта на петок спроти сабота ниту еден авион не слетал или полетал од аеродромите „Џон Кенеди", „ЛаГвардиј" и „Њуарк" во Њу Џерси. Седум илјади летови беа откажани вчера и денеска на аеродромите во Вашингтон, САД и Њуарк, соопшти Специјализираниот сајт „ФлајтАвеар" (FlightAware), кој ги следи летовите во реално време, пренесува БТА.
Меѓу нив има откажани летови на авиокомпаниите „Јунајтед ерлајнс", „Американ ерлајнс", „Саутвест ерлајнс" и „Делта".
Десетици илјади домаќинства останаа без струја во државата Њу Џерси, јавува германската ДПА.. Голем број возачи беа примени во засолништата на Црвениот крст во Кентаки, откако илјадници луѓе беа блокирани во текот на 20 часа на автопат во државата.
Вчера попладне снежната покривка во некои зони околу Вашингтон надмина 75 см. Двата аеродроми во главниот град денеска нема да работат. Најмногу снег падна недалеку од градот Харпер Фери, Западна Вирџинија, каде се формираше снежна покривка од 100 см. Околу 2.200 војници од Националната гарда беа мобилизирани да импомагаат на локалните власти во 12 држави.
Поради снежната бура американскиот потпретседател Џо Бајден и министерот за одбрана Ештон Картер не можеа да се вратат во Вашингтон од патувањата во странство и авионите им беа пренасочени кон Флорида.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата