Свет
13. October 2022 - 11:11

Најмалку 17 жртви во експлозија во воен автобус во Дамаск

Неколку војници загинаа, а повеќемина се повредени, откако се активира експлозивна направа поставена на воен автобус во Дамаск, јавија дел од британските медиуми.

Засега нема повеќе детали и досега никој не презеде одговорност за експлозијата. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, соопшти за 17 жртви во нападот на воениот автобус во Дамаск.