Свет
1. March 2016 - 14:22

Најмалку 18 лица загинаа во сообраќајка во Оман

Најмалку 18 лица, меѓу кои и деца, загинаа при сообраќајна несреќа во Оман, откако автобус се судри со камион и комбе за транспорт на лекови, пренесува БТА, цитирајќи ја државната агенција ОНА.

Во инцидентот повредени се 14 лица.

Националноста на жртвите не е потврдена.