Најмалку 18 загинати во поплави и свлечишта во Бразил

Најмалку 18 лица, меѓу кои седум деца, загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло, соопштија безбедносни извори.
Според властите во Сао Паоло, во катастрофалното невреме од изминатиот викенд во оваа држава уште девет лица се повредени, а пет се водат за исчезнати, додека околу 500 семејства останале без покрив над главата, пренесуваат британските медиуми.
Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија, вчера ги посети поплавените подрачја и соопшти дека одобрил 15 милиони реали (околу 2,8 милиони американски долари) за итна помош за загрозените градови.
Обилните дождови уште во декември предизвикаа смртоносни поплави во североисточниот дел на Бразил, заканувајќи се со одложување на жетвата на Средниот запад и накратко да ги запрат рударските операции во државата Минас Жераис.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
