Свет
16. February 2025 - 8:24

Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи

Најмалку 18 лица, од кои 10 жени и три деца, загинаа, а 10 се повредени во стампедо на железничка станица во Њу Делхи, јавија денеска индиските медиуми.

Повикувајќи се на официјални лица, индиската телевизија NDTV објави дека инцидентот се случил вчера околу 20:00 часот по локално време, на два перона каде што патниците чекале да се качат во воз за градот Прајаграж, населба изградена за да ги прими посетителите на фестивалот Маха Кумб.

Индиската железница негираше дека имало стампедо, но потврди дека неодреден број луѓе се повредени и пренесени во болница.