-->
-->
Најмалку 20 лица загинаа во самоубиствен напад во Кабул
-->
Најмалку 20 лица загинаа во самоубиствен напад извршен денеска во центарот на Кабул, јави ТАСС.
Самоубиствениот напад бил извршен со автомобил-бомба во близина на седиштето на Националната управа за безбедност, Министерството за одбрана и Амбасадата на САД.
Претседателската палата е на неколку стотина метри од местото на експлозијата.
Најмалку 15 вработени од Националната управа за безбедност се меѓу убиените, јави ДПА..
Авганистанското Министерство за здравство соопшти за речиси 161 ранети.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои неодамна објавија дека ја почнуваат традиционалната пролетна офанзива. Денешниот напад е првиот напад во Кабул од почетокот на офанзивата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека