Свет
21. January 2017 - 10:24

Најмалку 20 загинати при експлозија на пазар во Пакистан

Најмалку 20 лица загинаа, а над 50 се повредени при експлозија на бомба на пазар во племенски реон во северозападниот дел на Пакистан, на границата со Авганистан, соопштија локалните власти.

Пакистански официјални претставници наведуваат дека 11 од повредените лица се наоѓаат во критична состојба.

Експлозијата се случила на пазар во градот Парачинар, во Курум, еден од седумте полуавтономни племенски реони во Пакистан. Се претпоставува дека бомбата била рачно изработена и била поставена во кошница со зеленчук. Безбедносните сили веднаш го блокирале местото на експлозијата.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.