Свет
11. August 2016 - 14:38

Најмалку 21 лице загина во експлозија во кинеска електрична централа

Најмалку 21 лице денеска загина, а петмина се повредени во експлозија во електрична централа во Кина, јави кинеската агенција Ксинхуа.

Се верува дека експлозијата во централната провинција Хубеј ја предизвика пукање на цевка под висок притисок.

Несреќата се случи на еден ден пред годишнината од големата експлозија во складиштето за хемикалии, во која загинаа 165 лица.