-->
-->
Наjмалку 22 лица се убиени при воздушни напади на Арапската коалиција во Јемен
-->
Најмалку 22 лица загинаа при воздушни напади на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, близу јеменскиот главен град Сана, пренесува БТА.
Воени авиони на Коалицијата, во саботата нападнале машинеријата за дупчење за вода во месноста Бејт Саадан, северно од Сана, причинувајќи неколку жртви. Вториот удар бил нанесен на истото место во моментот додека мештаните дошле напомош на жртвите. Севкупно 22 цивили се убиени, а седуммина ранети при двата напада, велат очевидци.
Шиитските бунтовници хуси соопштија на својата веб-страница - sabanews.net, дека Коалицијата нанела 22 воздушни напада во областа, при што биле убиени и ранети над сто лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје