Најмалку 22 повредени при судар на два воза кај Нови Сад
Најмалку 22 лица се повредени синоќа при судар на патнички и товарен воз во близина на српскиот град Нови Сад, јави Танјуг.
Според директорот на железничкото претпријатие „Србијавоз“, Југослав Јовиќ, при несреќата потешко се повредени четири лица, додека останатите 18 минале со полесни повреди.
- Сите повредени се вон животна опасност, но засега немаме инфромации колкумина од нив ќе бидат задржани на болничко лекување, рече Јовиќ.
Според извори во српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, несреќата се случила кога патничкиот, што сообраќал на релација Нови Сад - Сомбор, удрил во последниот вагон од товарната композиција што се движела пред него.
Во време на сударот патничкиот воз се движел со брзина од 15 километри на час.
Засега не се познати причините за сударот, како ни зошто двата воза се движеле по ист колосек.
Ново на Сител
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“
-
Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија
-
Доживотна казна затвор за убиецот на Емилија Пешева
-
Зијадин Села повторно впишан како претседател на партијата Алијанса на Албанците
-
Вчера казнети 864 возачи - 262 за брзо возење, 201 за погрешно паркирање, 67 возеле без возачка дозвола