-->
-->
Најмалку 23 лица починаа од труење со алкохол во Турција
-->
Најмалку 23 лица починаа од труење со алкохол во Турција во текот на минатиот месец, бидејќи високите даноци на алкохолот ги принудуваат Турците да конзумираат илегално произведена ракија, пренесуваат турските медиуми.
Данокот на пијалокот во јули се зголеми за осум проценти. Еден литар од турскиот традиционален пијалок раки сега чини повеќе од 200 лири (35,29 долари).
Комората на хемиски инженери соопшти дека поради зголемениот данок луѓето пијат илегални пијалоци, што е причина за смртта.
– Никаде во светот нема поголем данок на алкохол од Турција, се наведува во соопштението на Комората.
Од доаѓањето на власт на Реџеп Тајип Ердоган данокот на алкохол е многу зголемен, а од 2013 година рекламирањето на алкохолот и цигарите е забрането.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници