Свет
9. April 2016 - 10:44

Најмалку 23 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во Перу

Најмалку 23 луѓе загинаа, а 32 се повредени кога автобус падна во река во Андите, во југоисточниот дел на Перу, соопшти полицијата.

- Автобусот речиси целосно потона во реката, што ја отежна работата на спасувачите, изјави портпаролот на полицијата Линио Санчез.

Сообраќајната несреќа се случи во регионот Куско, која е позната туристичка дестинација.

Други детали за несреќата не се наведени.