Најмалку 23 мртви во нов напад во Багдад

Најмалку 23 лица загинаа, а 61 се повредени во напади во два трговски реони на Багдад, соопштија болнички и полициски извори, јави „Раша тудеј“.
Нападите се извршени кон крајот на светиот муслимански месец Рамазан, кога улиците по зајдисонце се полни со млади луѓе и семејства.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста, но познавачите оценуваат дека нападите го носат потписот на „Исламска држава", која често напаѓа мирни граѓани во претежно шиитски квартови на Багдад.
При првиот напад, во централниот кварт Карада загинаа 18 лица и беа повредени 45. Малку подоцна, експлодираше рачно изработена бомба во источниот дел на Багдад, при што загинаа пет лица, а 16 беа повредени. Првата експлозија предизвика пожари во блиските продавници за облека и за мобилни телефони, соопштија очевидци.
Според податоците на телевизијата „Скај њуз Арабија", цитирана од ТАСС, загинатите при втората експлозија се шестмина, а повредени се 12.
Ново на Сител
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
