Најмалку 235 загинати и 109 повредени при напад врз џамија во Египет
Најмалку 235 лица денеска загинаа при експлозијата на бомба во близина на џамијата Ал Раудах на египетскиот проблематичен северен полуостров Синај, јави Би-Би-Си.
Во нападот се повредени најмалку 109 лица.
Владата прогласи тридневна жалост, јави египетската државна агенција Мена.
Експлозијата, како што јавуваат локалните медиуми, се случила за време на пладневните молитви, а четворица непознати напаѓачи потоа отвориле оган кон верниците што ја напуштале џамијата. Портпаролот на Министерството за здравство Калед Муџахид изјави дека екстремистите ја детонирале бомбата за време на нападот.
Во сите болници е прогласена вонредна состојба. Армијата и полицијата ја претресуваат целата област.
Претседателот на Египет Абдел Фатах Ал Сиси свика итен состанок на безбедносните служби.
Министерството за внатрешни работи формира специјална комисија за истражување на бомбашките напади и објави вонредна состојба во главниот град Каиро. Полицијата ги чува сите државни институции и објекти од јавен интерес.
Досега ниту една египетска екстремистичка група не презеде одговорност за нападот.
Ново на Сител
-
Уапсен 26 годишен скопјанец, со „ауди“ удрил во двајца малолетници на бул. “Партизански одреди”
-
Рекорден број мигранти го преминаа Ла Манш во обид да стигнат до Велика Британија во првото тримесечје од годинава
-
Љатифи Азизи: Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава
-
38-годишна социјална работничка ранета од огнено оружје од лице кое подолго време ја демнело
-
Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување
-
Приведени две лица, превезувале осум мигранти
-
Тетовчанец физички ги нападнал својата мајка и брат
-
Раководител побарал 13.000 евра мито за дозвола за проект за градење на апартмани