Најмалку 30 мртви во Јапонија, многу куќи се уништени, 45 илјади домови без струја

Во силниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија на Нова година загинаа најмалку 30 луѓе, а потрагата по преживеани под урнатините продолжува. Најмалку 45 илјади домови се без струја.
Сè уште не е јасно колкава е штетата ден по земјотресот.
Тоа беше најсилниот земјотрес во регионот во повеќе од четири децении, според Американскиот геолошки институт.
Куќите беа уништени, избувнаа пожари и војниците беа испратени да помогнат во спасувачките операции, изјави за медиумите владиниот портпарол Јошимаса Хајаши.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида доцна во понеделникот рече дека им наредил на тимовите за пребарување и спасување да направат се што можат за да спасат животи, иако пристапот до погодената област е тежок поради блокираните патишта.
Земјотресот доаѓа во чувствителен период за јапонската нуклеарна индустрија, која се соочи со жестоко противење од некои локални жители откако земјотресот и цунамито во 2011 година предизвикаа катастрофа во нуклеарната централа Фукушима.
Јапонија минатата недела ја укина оперативната забрана наметната на најголемата нуклеарна централа во светот Кашивазаки-Карива, која е надвор од функција од цунамито во 2011 година.
Агенцијата за нуклеарна регулација соопшти дека не се потврдени никакви неправилности во нуклеарните централи долж Јапонското Море.
Силен земјотрес ја погоди централна Јапонија во понеделникот, уништувајќи згради и принудувајќи ги жителите на некои крајбрежни области да се засолнат на повисоките места. Прелиминарниот земјотрес со јачина од 7,6 степени предизвика бранови високи околу еден метар долж западниот брег на Јапонија и бреговите на соседна Јужна Кореја.
Ново на Сител
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
