ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб

Најмалку 30 жени биле уапсени во западниот авганистански град Херат поради наводно кршење на кодексот за облекување што го наметнаа талибанските власти, соопшти агенцијата на Обединетите нации за права на жените, наведувајќи дека дел од приведените подоцна биле ослободени.
Според информациите на ОН, апсењата се случиле во деновите пред протестите во округот Инџил, каде што граѓани се собрале за да го изразат своето незадоволство од ваквите мерки, објавија британските медиуми.
Во соопштението се наведува дека талибанските безбедносни сили интервенирале за време на протестот и употребиле сила против демонстрантите.
Агенцијата на ОН тврди дека во инцидентот учествувале мажи, жени и деца и дека дошло до пукање во кое, според достапните информации, загинале најмалку две лица, меѓу кои и едно момче. Повеќе од 20 лица биле повредени.
-Апсењата дополнително го зголемија стравот и вознемиреноста кај жените и девојките во Авганистан – предупредуваат од Обединетите нации.
Од друга страна, локалните власти под контрола на талибанците ги отфрлија извештаите дека жени биле приведувани како дел од спроведувањето на правилата за носење хиџаб.
Откако повторно ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година, талибанците воведоа низа рестриктивни мерки што ги ограничуваат правата на жените и девојчињата. Меѓу нив се забрани и ограничувања во образованието, вработувањето и учеството во јавниот живот, што континуирано предизвикува остри реакции од меѓународната заедница и организациите за човекови права.
Случувањата во Херат повторно го отворија прашањето за положбата на жените во Авганистан и начинот на кој талибанските власти ги спроведуваат строгите правила во секојдневниот живот.
МИА
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
