Најмалку 352 цивили загинаa во досегашните напади на коалицијата предводена од САД против ИД

Најмалку 352 цивили се жртви на воздушните напади изведени од коалицијата, предводена од САД, против објекти на групата „Исламска држава" во Ирак и Сирија од почетокот на операцијата во 2014 година, објави во соопштение на американската војска.
Во месечниот извештај за жртвите меѓу цивилното население при операциите на коалицијата против ИД, штабот на коалицијата забележува дека се уште испитува 42 информации за загинати цивили. Во него се вели дека од ноември 2016 година до март оваа година биле убиени 45 цивили и се соопштува за 80 цивилни жртви од август 2014 година досега, кои претходно не биле објавени.
Податоците вклучуваат и 26 загинати во три одделни напади во март.
„Жалиме за ненамерно предизвиканата смрт на невини граѓани и изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и другите луѓе погодени од воздушните напади“, се наведува во соопштението на Пентагон.
Според групи за заштита на човековите права и мониторинг организации, во воздушните напади на коалицијата загинале над 3.000 цивили во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
