Свет
24. August 2016 - 13:13

Најмалку 38 луѓе загинаа во земјотрес во централна Италија

Најмалку 38 луѓе загинаа во силниот земјотрес што утрово ја погоди централна Италија.

Стотици луѓе се водат за исчезнати, кој веројатно се затрупани под урнатините.

Европска унија изрази подготвеност да и помогне на Италија.

- Центарот за итни реакци на Европска комисија внимателно ја следи ситуацијата во Италија, изјави, еврокомесарот за управување со кризи Христос Стилијанидис.