Најмалку 98 лица уапсени во Турција за грабеж или измама на жртвите од земјотресот
Турските безбедносни сили вчера уапсиле најмалку 98 лица за наводно ограбување оштетени згради или измама на жртвите од разорниот земјотрес, јави турската државна новинска агенција Анадолија.
Според безбедносни извори, кои побарале да останат анонимни „поради медиумски ограничувања“, најмалку 42 осомничени се под истрага во јужната турска провинција Хатај поради ограбување оштетени згради, јави Анадолија.
Уапсени се најмалку 40 осомничени, а безбедносните тимови заплениле шест парчиња оружје, три пушки, накит, банкарски картички, 11.000 долари и 70.000 турски лири (околу 3.700 долари) во готовина, објавија државните медиуми.
Уапсени се уште две лица откако се претставиле како хуманитарни работници и наводно се обиделе да ограбат шест камиони со храна за жртвите од земјотресот во провинцијата Хатај, соопшти агенцијата.
Најмалку шест лица се уапсени и во Истанбул поради наводна телефонска измама на жртва на земјотресот во јужен Газиантеп, јавува Anadolu.
На друго место во земјата, десетици други осомничени беа уапсени за наводни грабежи во области погодени од земјотресот, според турската новинска агенција.
Осомничените се уапсени во најмалку осум провинции, вклучувајќи ги Кахраманмарас, Хатај, Адијаман, Малатија, Османије, Адана, Газиантеп и Шанлиурфа.
Ново на Сител
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
-
Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим
-
Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа