Свет
21. September 2019 - 13:03

Најмалку четири жртви во автобуска несреќа во Јута

Најмалку четири лица загинаа, а 15 се тешко повредени во несреќа на автобус со туристи во близина на национален парк во американската држава Јута.

Локалните власти соопштија дека во автобусот имало 30 туристи од кинеско говорно подрачје, и оти причината и околностите на несреќата се уште не се познати.

Несреќата се случила вчера кај националниот парк Брајс Кањон кој годишно го посетуваат околу два милиони посетители.