Најмалку четворица убиени во гранатирање на контролен пункт во Источна Украина
Најмалку четири лица се убиени, меѓу кои и една бремена жена, за време на гранатирањето на контролен пункт, во Источна Украина, соопштија денеска проруските бунтовници.
Портпарол на „Донецката Народна Република“ изјавил дека се повредени 15 лица, додека минувале од страната што ја држат бунтовниците, во делот кој е под контрола на владините сили.
Целиот реон во изминатите недели беше поприште на насилство, заканувајќи му се кревкото примирје што е на сила, меѓу украинската армија и бунтовниците.
ОБСЕ потврди дека посматрачите на Организацијата регистрирале голем број повреди на прекинот на огнот, со стотици ексползии и истрели од огнено оружје кои се слушаат како од реонот каде се бунтовниците, така и од делот што е под контрола на украинските владини сили.
Денешниот инцидент се случи во селото Оленивка, кое е под контрола на бунтовниците, многу блиску до демаркационата линија која ги раздвојува двете завојувани страни.
Бунтовниците тврдат најмалку шест куќи, како и една болница се погодени и оштетени во текот на денешното гранатирање, како последица на нападите што ги извршиле украинските владини сили.
Претставник на армијата во Киев изјави дека имало истрели од лесно оружје, но дека не се точни тврдењата за гранатирање и ракетирање на одредени позиции на линијата на прекинот на огнот.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР