Најмалку четворица војници загинаа во серија експлозии во воена база во Казахстан
Четворица војници загинаа во серија експлозии предизвикани од пожар во воена база на југот на Казахстан, а повеќе од 60 лица се ранети, соопштија денеска властите на оваа централноазиска земја.
Британските медиуми јавуваат дека се уште не се знае која е причината за пожарот што вчера се појави воената база во провинцијата Замбил.
-Во базата се чувааат инженерски експлозиви, изјави на прес -конференција казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Јермекбаев.
Војниците загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот што беше предизвикан од серија од десет експлозии, изјави министерот, додавајќи дека складираниот експлозив потекнува од објект во градот Арис, каде што во 2019 година беше забележан сличен настан, а и тогаш загинаа четири лица.
Властите евакуираа стотици лица од блиската област и го затворија главниот пат што ја поврзува провинцијата со Алмати, најголемиот град во Казахстан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
